Настани
Директорот на Агенцијата, м-р. Булент Дервиши, на 9.6.2010 г. одржа прес конференција на која накратко го презентираше четвртиот годишен извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување. Имено, согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, МАПАС има обврска еднаш годишно да изготви и објави извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во Република Македонија. 
Oдржана прес конференција на 13.01.2010 во просториите на Министерството за труд и социјална политика каде беше објавено намалување на трошоците во капитално финансирано пензиско осигиривање.
Во текот на посетата на директорот на МАПАС, г-н. Булент Дервиши, на Република Турција во октомври 2009 година, беше потпишан Меморандум за соработка меѓу МАПАС и Центарот за пензиски мониторинг од Република Турција.