македонски english
почетна мапа контакт

 

Пензиска реформаДемографски предвидувања за стареењето на населението
Демографски предвидувања за стареењето на населението
Демографските промени се основен мотив за реформирање на пензиските системи во Европа и светот. Со користење на моделот даден подолу можете да го симулирате стареењето на населението во Република Македонија. Во квадратчето можете да изберете година за да видите каква ќе биде демографска структура на населението во избраната година или кликните на линкот за динамички приказ ако сакате моделот автоматски да се движи напред во времето и да ги покажува демографските промени. Вертикалната оска ги претставува годините (од најмладите на дното, до најстарите на врвот, 0-100), а хоризонталната оска го претставува бројот на лица на одредена возраст. Ако ја пресечете хоризонталната оска на пола, од замислената линија на пресекот на лево, осенчениот дел го претставува процентот на машките лица, додека од замислената линија на десно, осенчениот дел го претставува процентот на женските лица. Можете да забележите дека графикот на населението постепено ја менува својата форма во иднина. На почетокот, населението има форма на пирамида, со многу млади лица и мал број на постари лица. Со демографските промени постепено се зголемува бројот на стари лица во однос на младите.
Квадратчето со резултат под графиконот на населението го покажува соодносот на населението на возраст од 60 години со населението на возраст од 18 до 59 години. Со текот на годините соодносот расте, што значи дека се зголемува бројот на лицата преку 60 години во однос на лицата на возраст од 18 до 59 години.
Одбери година:
Кликни тука за динамички приказ

машки пол

женски пол

населението на возраст 60 години поделено
со населението на возраст 18-59 години