Во врска со прес конференцијата реализирана од страна на НЛБ Нов пензиски фонд АД Скопје на 24.06.2009 година, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување Ве известува дека во доброволното капитално финансирано пензиско осигурување не се дефинирани износите за уплата на доброволен придонес (ниту минималниот, ниту максималниот) и периодите и фреквенцијата на уплата на доброволни придонеси. |