ВАЖНО ПОТСЕТУВАЊЕ ЗА ОСИГУРЕНИЦИТЕ ОД ОДБРАНА, ВНАТРЕШНИ РАБОТИ, КАЗНЕНО-ПОПРАВНИ ДОМОВИ И ВОСПИТНО-ПОПРАВНИ ДОМОВИ
кои имаат бенифициран стаж, а на кои не им беше дозволено вклучување во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување (втор столб).
Со измените и дополнувањата на законската регулатива од 28 декември 2007 г. на овие осигуреници поради промената на својството на осигуреник во текот на работниот стаж, им се дозволува еднаш, по сопствен избор да го отповикаат утврдениот статус. Ова право осигуреникот може да го изврши најдоцна во рок од три месеци од настанатата промена.
Доколку лице со бенефициран стаж вработено во одбраната, затворите и воспитно-поправните домови ја промени работата, ќе може по сопствен избор да се вклучи во вториот задолжителен пензиски столб. Додека работат на вакви работни задачи на овие лица не им е дозволено вклучување во вториот пензиски столб, зашто пресметките покажуваат дека, поради поповлните услови за пензионирање, нема да имаат доволно време да акумулираат доволно пари за пензија на својата лична сметка.
Лицата кои допрва ќе влезат во полициските и воените структури и ќе се стекнат со бенефициран стаж, а претходно биле вклучени во вториот приватен пензиски столб имаат право да изберат дали сакаат и понатаму да членуваат во вториот столб или ќе се вратат во едностолбниот систем, во рок од три месеци сметано од датумот на промена на својството на осигуреник.
Парите што се собрале на нивната сметка во приватниот фонд ќе им бидат префрлени во државниот фонд.
Горенаведените осигуреници кои својството на осигуреник го промениле пред влегувањето во сила на Законот за измени и дополнувања на Законот за пензиско и инавлидско осигурување (28 декември 2007г.) отповикувањето на статусот можат да го направат во рок од три месеци од денот на влегувањето во сила на овој Закон односно до 28 март 2008г.
За сите подетални информации осигурениците може да се обратат во Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС)
на телефонските броеви 02/ 3224 229 и 3166 452
|