Директорот на Агенцијата, м-р. Булент Дервиши, на 9.6.2010 г. одржа прес конференција на која накратко го презентираше четвртиот годишен извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување. Имено, согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, МАПАС има обврска еднаш годишно да изготви и објави извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во Република Македонија. |