македонски english
почетна мапа контакт

 


Одржана прес конференција со цел презентација на годишен извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување.

            Директорот на Агенцијата, м-р. Булент Дервиши, на 9.6.2010 г. одржа прес конференција на која накратко го презентираше четвртиот годишен извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување. Имено, согласно Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, МАПАС има обврска еднаш годишно да изготви и објави извештај за состојбите во капитално финансираното пензиско осигурување во Република Македонија. 


Извештајот содржи појаснувања на карактеристиките на капитално финансираното пензиско осигурување, податоци за капитално финансираното пензиско осигурување, оценка на извршувањето на прописите во областа на капитално финансирано пензиско осигурување и други податоци од значење за ова осигурување. Во овој извештај, кој се однесува на 2009 година, детално се опишани состојбите во задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. втор столб), кое постои повеќе од 4 години и во доброволното капитално финансирано пензиско осигурување (т.н. трет столб), кое е во почетна фаза од неговото функционирање.

На конференцијата присустуваа поголем број новинари од печатените и електронските медиуми.


Преземи обраќање на директорот

Преземи презентација