македонски english
почетна мапа контакт

 


Рок за избор: 3 месеци

Сите нововработени осигуреници се задолжителни членови во вториот столб и веднаш по вработувањето тие времено се распределуваат од страна на МАПАС во пензиски фонд по случаен избор. Во тој период друштвата за управување со пензиски фондови не го знаат името и презимето на осигурениците, а осигурениците не знаат каде се распределени.

Времено распределените осигуреници имаат рок од три месеци да изберат во кој пензиски фонд ќе членуваат. Тоа значи дека може по СОПСТВЕН ИЗБОР да се зачленат во пензискиот фонд во кој биле времено распределени или да одберат да се зачленат во другиот пензиски фонд.

По истекот на тој рок, ако осигурениците не одлучат во кој пензиски фонд ќе ч ленуваат, остануваат членови во пензискиот фонд во кој биле времено распределени.

Единствено од МАПАС осигурениците добиваат известување во кој фонд се распределени!