македонски english
почетна мапа контакт

 

МАПАССоработка

Соработка

Заради обезбедување на ефикасна супервизија и регулатива на задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и на финансискиот сектор, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување соработува со Министерството за финансии, Народната банка на Република Македонија, Комисијата за хартии од вредност на Република Македонија и со други органи и институции во земјата и во странство. Обемот, содржината и формата на соработка подетално меѓусебно ги уредува Агенцијата со надлежните органи и институции.

Потпишани меморандуми за соработка со институции од Република Македонија

  • Меморандум за соработка со Комисијата за хартии од вредност – потпишан во јануари 2006 година;
  • Меморандум за соработка со Македонска берза АД Скопје – потпишан во март 2006 година;
  • Меморандум за соработка со Централниот депозитар за хартии од вредност – потпишан во март 2006 година;
  • Договор за соработка со Народна банка на Република Македонија – потпишан во февруари 2007 година;
  • Договор за соработка со Министерството за внатрешни работи – потпишан во март 2007 година;
  • Договор за соработка со Фондот на пензиското и инвалидското осигурување на Република Македонија – потпишан во декември 2007 година.
  • Меморандум за соработка со Управата за спречување на перење пари и финансирање тероризам;

Потпишани меморандуми за соработка со сродни институции од странство

  • Меморандум за соработка со Комисијата за финансиска супервизија од Република Бугарија – потпишан во април 2004 година;
  • Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на пензиските фондови и осигурувањето од Република Хрватска  – потпишан во ноември 2005 година;
  • Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на осигурувањето од Република Словенија  – потпишан во септември 2007 година;
  • Меморандум за соработка со Агенцијата за супервизија на осигурувањето од Република Полска  – потпишан во април 2008 година.
  • Меморандум за соработка со Центарот за пензиски мониторинг од Република Турција - потпишан во  октомври 2009 година.

Од март 2007 година, МАПАС е полноправна членка на IOPS – Меѓународна организација на пензиски супервизори.

Покрај наведените институции МАПАС соработува и со други институции од земјата и странство со цел заштита на интересите на членовите на пензиските фондови и е во фаза на потпишување на договори за соработка со уште неколку институции. По потпишувањето на овие договори за соработка листата ќе биде ажурирана.